Пoлициjaтa го зaплeни „Гoлфот“ за кој се coмнeвa дека е користен во бeгcтвoтo на Мијалков

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Автомобилот „Голф 7“ со кој попладнево во полициската станица „Пролет“ пристигна член на обезбедувањето на екс-директорот на УБК Сашо Мијалков е запленет, а врз него најверојатно ќе се врши форензичка анализа и прибирање на ДНК материјал, дознава „Инфомакс“ од извори во полицијата.

Неофицијално, автомобилот кој вечерва го заплени и запечати полицијата бил забележан на една од камерите. како се движи во правец на еден граничен премин, па полицијата се сомнева дека тоа е автомобилот кој бил користен при бегството на Мијалков, вчеравечер.

Според обвинителката Вилма Русковска, информации дека Сашо Мијалков подготвува бегство полицијата добила уште во саботата напладне, по што било договорено да се побара мерка за обезбедување на куќен притвор.

Како мерка на претпазливост, бил следен и мобилниот телефон на Мијалков, чиј сигнал бил следен од кафулето „Дистрикт“ кое се наоѓа во склоп на хотелот „Мериот“ до неговиот дом на Водно. Но, кога полицијата пристигнала во неговиот дом го пронашле само телефонот.

Дестинацијата која би можел да ја одбере Мијалков за своето бегство е една од три земји, ниту една членка на Европската Унија, а се лицитира со Србија, Црна Гора и Израел.

По Мијалков е распишана меѓународна потерница.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This