Пoлугoдишeн извeштaј на ДИЖС: Утвpдeни се 363 зaкoнcки пoврeди кoн живoтнaтa cpeдинa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) го објави својот полугодишен извештај. Според извештајот во периодот од јануари до јуни 2021 година, реализирани се 1.132 инспекциски надзори наместо планираните 866 инспекциски надзори.

Во 2021 година се реализирани 185 надзори повеќе од 2020, односно забележан е раст од 20 отсто.

Од инспекторатот наведуваат дека утврдени се 363 неправилности односно законски повреди за кои се издале Решенија за нивно отклонување.

-За споредба, во истиот период во 2020 година се утврдени само 120 неправилности, или во 2021 година е забележано зголемување од 203%. Покренати се 43 прекршочни постапки, од кои 36 санкции се глоба-платен налог, а исто така покренати се 2 (две) кривични постапки. Во шест-месечниот извештај за 2020 година не се воопшто презентирани преземените казнени мерки и затоа не направивме споредба, велат од институцијата.

Според извештајот, во 2021 година во споредба со 2020 година зголемен е бројот на вонредни надзори (220 наспроти 126), како и контролни надзори (171 наспроти 71) и покрај тоа што во овој период тројца од вкупно 19 инспектори не вршеле надзори. Еден од тројцата инспектори бил суспендиран поради сомнеж за поткуп, вториот инспектор бил на неплатено отсуство, додека третиот инспектор пет од шест месеци бил на боледување, велат од ДИЖС.

-Во првото полугодие во 2021 година реализирани се 741 наспроти 749 редовни надзори од истиот период во 2020 година, што е намалување од 8 надзори, или 1%. Ова се должи на намалениот број активни инспектори на терен“, додаваат оттаму.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This