ПOТЕPA КАКО ОД ФИЛМ: Возел 13 мигpaнти, бeгaл од пoлицијa, излeтaл од автопат, па повторно се пуштил во бeгcтвo

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

22 годишен жител на Богданци излетал со возилото во кое превезувал 13 мигранти од Бангладеш откако по него се пуштила полициска патрола.

-Вчера во 12.30 часот на регионалниот пат Гевгелија-Дојран, на крстосница „Ѓавато“, полициски службеници од Полициска станица за граничен премин и граничен надзор Богородица забележале патничко возило „фолксваген пасат“ со бугарски национални ознаки во кое се превезувале поголем број на лица и кое се движи од Богданци кон Гевгелија. Полициските службеници со возило се упатиле кон него, велат од полиција.

Тој се вклучил а автопатот кон Скопје, но поради пребрзото возење на крстосницата с. Миравци – с. Милетково излетал од патот.

-После тоа, возачот побегнал. Во возилото биле понајдени 13 лица мигранти од Бангладеш кои биле приведени во Полициска станица за граничен премин и граничен надзор Богородица. Набргу потоа, возачот бил пронајден и предаден во СВР Струмица. Се работи за Б.Ј.(22) од Богданци, велат од МВР.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This