Пoчинa дoктop Драган Спасески, иcтaкнaт македонски opтoпeд, пoeт и ликoвeн уметник

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ – Охрид изразува големо жалење поради загубата на својот долгогодишен доктор, истакнатиот македонски ортопед, поет и ликовен уметник, доктор Драган Спасески.

Доктор Драган Спасески е роден на 22 јуни 1960 година во Охрид. Завршил Медицински факултет во Скопје. Колегите и пациентите ќе го паметат како исклучителен професионалец, вреден и посветен лекар, кој зрачеше со алтруизам.

Самопожртвувано, низ секојдневна клиничка пракса им помагаше на пациентите, а со својот позитивен лик, енергичност и сестраност секогаш беше тука и за колегите, за професионална дискусија, личен разговор, совет и поддршка.  Ќе биде запаметен и по неговиот општествен, хуманитарен ангажман како и по неговата пасија за уметноста, особено сликарството и поезијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This