April 20, 2024, 12:37 pm

Пocкaпувaњeто на cтpујaтa ќе донесе ценовен шoк за граѓаните

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бран поскапувања ќе донесе новото зголемување на цената на струјата. Цехот што енергетските компани не го остариле планираниот приход или работеле со загуба, ќе го платат граѓаните и стопанството. Ова, според експертите е надвор од пазарна економија, а се сфаќа како специјална државна помош за енергетските компании. Криза е секаде во светот, не само кај нас, но државите наоѓаат механизам за да се задржи и онака кревкиот стандард кај населението.

– Во време кога расте бројот на отпуштања и се кратат платите, секој денар за граѓаните е важен. Поскапувањето на струјата не е мало. Ќе влијае на зголемување на цените на производите, ќе ја зголеми инфлацијата и ќе ја намали потрошувачката, изјави Миле Бошков, конфедерација на работодавачи, за Сител.

Во исто време, државата објави пораст на јавниот долг, кој достигна скоро 60% од БДП во второто тримесечје, или во бројки за само еден квартал задолжувањето е зголемено за скоро милијарда евра (967 милиони евра). Ако во првиот квартал долгот изнесувал 5,6 милијарди, сега, истиот надмина 6,5 милијарди. Власта како причина за зголеменото задолжување ја наведува КОВИД-19 кризата и неопходноста да бараат кредити за да се реализираат антикризните мерки и да се обезбеди непречено извршување на буџетот, односно покривање на зголемениот дефицит поради пад на приходите. Според владините проекции до крајот на годината јавниот долг би се задржал на 59,6%, додека кај државниот очекуват пад на 49,6 отсто.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This