Пopaди вpнeжи oд cнeг вoвeдeнa зaбpaнa зa кaмиoни нa пaтoт Маврово-Дебар

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно суви коловози. Врнежи од снег има во Маврово и на планиските премини Стража, Буково и Ѓавато. 

Од 07:00 часот изутрина поради врнежи од снег е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

Оттаму потсетуваат на законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Тоа посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This