March 29, 2024, 12:18 pm

Пopaди 28 зapaзeни co кopoнa вo Сиднеј, cтoтици илjaди ќe ocтaнaт дoмa зa Божиќ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Федералните држави на Австралија денеска започнаа да воведуваат ограничувања на границите откако се откриени вкупно 28 случаи на коронавирус од жариштата на северните плажи во Сиднеј, а се стравува дека бројот на заразени ќе се зголеми.

„Сите во Сиднеј и околината треба да бидат во состојба на готовност“, рече премиерката на Нов Јужен Велс ,Гледис Береџиклиан, на прес-конференција кога потврдила нови 10 случаи на коронавирус.

Здравствените власти предупредиле дека вирусот може да се прошири и на други области во Сиднеј, бидејќи сè уште не го идентификувале изворот на инфекцијата.

Нов Јужен Вел ги повика околу четврт милиони жители во предградијата на Сиднеј да останат дома три дена.

„Загрижен сум што не најдовме директен пат на пренесување на инфекцијата и не можеме да бидеме сигурни дали сме го блокирале преносителот“, рече водечкиот здравствен експерт во Нов Јужен Велс, Кери Шант.

Плановите за патувања за Божиќните празници им се уништени на илјадници луѓе поради ограничувањата на границата. Многумина побрзаа на аеродромот во Сиднеј да се обидат да избегаат од државата.

Островската држава Тасманија ги затвори своите граници за секој што живее на северните плажи во Сиднеј од 11 декември. Квинсленд, Викторија и Северната територија бараат луѓето кои биле на овие плажи да поминат 14 дена во самоизолација. Западна Австралија воведе иста мерка за сите од Нов Јужен Велс.

„Мојата порака е многу јасна, дека луѓето од северните плажи на Нов Јужен Велс остануваат на северните плажи и не патуваат во Квинсленд“, рече премиерката на Квинсленд, Анастасија Палашчук.

Ограничувањата се удар врз австралиските надежи за непречено економско закрепнување и закрепнување на домашните авиокомпании Вирџин Австралија и Кантас Ервејс.

Австралија вчера објави прогнози дека нејзината економија ќе закрепне од најтешката рецесија во последните три децении побрзо отколку што се сметало порано.

Австралија потврдила нешто повеќе од 28.000 инфекции со коронавирус и 908 смртни случаи од почетокот на пандемијата. Се проценува дека меѓу активните случаи, повеќето се повратници од странство кои се наоѓаат во карантин во хотелите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This