Пpвaтa cyпepмeceчинa зa 2021 ни дoaѓa нa 26-ти април: Еве штo им нocи нa хopocкoпските знаци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Таа доаѓа на 26 април и става акцент на најдлабоките тајни и слабости, помагајќи ни да се соочиме со вистината и да ја откриеме својата моќ. 

Оваа месечина е позната и како розовата Месечина  и доаѓа во фиксниот знак Шкорпија. Шкорпиите се знак кој ја цени приватноста и кој ја сака контролата, па затоа овој период е неопходен за да ја заштитиме својата енергија.

Овен

Оваа Месечина ќе ве погоди директно во чувствата, па добро би било да се оддалечите од другите луѓе. Носите голем товар во вас и време е да се ослободите од сето тоа што доаѓа во форма на долгови, неисполнети ветувања и токсични врски. Продолжете напред без овие работи.

Бик

Дознавате многу за вашите односи со другите луѓе, па затоа добро е да ја искористите таквата енергија за да воспоставите подобри односи со оние кои ви значат. Не се плашете да биде искрени за вашите чувства и да ја споделите вистината. Вашите партнерства ќе се подобрат така.

Близнаци

Време е за длабинско чистење на домот, распоредот и дневната рутина. Сето она што е насобрано како хаос во вашиот живот веќе не ви е потребно и сега  е време да се ослободите од оние работи кои ви го одземаат вниманието и придонесуваат кон хаосот во вашиот живот.

Рак

Убавината цвета в вашиот живот, а со неа и страста. Затоа, имајте отворен ум во однос на вашите романтични можности и тоа што ви лежи на срцето. Еден мал флерт може да се претвори во нешто подлабоко. Кажете и да на авантурата.

Лав

Полната Месечина може да биде особено емотивна за Лавовите а тоа е бидејќи ја погодува една од најчувствителните куќи во вашата натална карта. Можно е да се навраќате назад кон минатото, обидувајќи се подобро да се подготвите за иднината што би значело и соочување со вашето скршено срце, некои драми, па и семејни ситуации. Не се плашете од вистините од минатото.

Девица

Време е да ја искажете својата вистина, колку интензивно да ви изгледа тоа. Не се плашете да бидете ранливи и да ги изразите своите мисли и чувства. Нема потреба да чувате сè во себе –  најдете начин како да се изразите.

Вага

За вас, полната Месечина на површина ги носи вашите најдлабоки чувства, но вам ви помага да се фокусирате и на материјалниот свет околу вас. Можно е да дојдете до важни увиди во однос на вашите финансии, па сега е време и да се погрижите за својот буџет или пак да побарате покачување, нешто што одамна го заслужувате.

Шкорпија

Месечината овој период е во вашиот знак, а тоа значи дека вие ќе ја почувствувате малку поинтензивно од другите. Осознајте ги вистините кои доаѓаат во вас и дозволете да бидете ранливи, дури и тогаш кога ви е најтешко да го направите тоа. 

Стрелец

Оваа полна Месечина ќе биде физички и емоционално истоштувачка за вас, но наместо да пиете кафе или други пијалоци за зголемување на енергијата, потрудете се да најдете време да бидете свои со своите мисли. Вашата потсвест се труди да ви каже нешто, па примете ја пораката. Обрнете внимание и на своите соништа.

Јарец

Кои се вашите соништа и желби за иднината, драги Јарци? Сега е време да се фокусирате на визиите кои ги имате, не само за себеси туку и за светот. Полната Месечина ја осветлува  и вашата потреба за поврзување со другите па можни се повеќе идеи за дружење. 

Водолија

Вашиот професионален живот добива на значење за време на полната Месечина и тоа ќе ви помогне да достигнете пресвртна точка во вашата кариера. Ова е добро време за нови проекти и соработки, но можно е да дојде и до унапредување и вашиот труд да биде забележан од вашите шефови.

Риби

Вие бевте на долго и длабоко патување на откривање на себеси а оваа полна Месечина ќе ви помогне да го достигнете врвот во однос на духовниот раст. Сега е време да размислувате големо, да ги проширите хоризонтите и да си дозволите да стекнете ново знаење. 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This