Член на тимот на Светската здравствена организација (СЗО) и заменик директор на Институтот Пастер во Санкт Петербург, Владимир Дедков изрази сомнеж во тврдењата дека корона вирусот „протекол“ од лабораторијата на Институтот за вирусологија Коне во Вухан, објавија „Спутник“ и „Бета“.
Експертите на СЗО кои го истражуваат потеклото на пандемијата на вирусот, во средата го посетија Институтот Вухан. Дедков рече дека лабораторијата во тој институт е многу добро опремена и изјави дека „тешко е да се помисли дека нешто протекло од тука“.
Лабораторијата е под строги безбедносни мерки, односно на највисоко ниво на биосигурност во земјата.
Друг член на тимот на СЗО, Питер Дасак, рече дека добро ја познава лабораторијата и дека постигнала бројни достигнувања во областа на научните истражувања.
Тој додаде дека некои луѓе сакале да осквернат дел од таа лабораторија и да го дискредитираат, што, како што изјави, било „многу иронично“.
По посетата на пазарот за морска храна Хуанан во Вухан, Дедков рече дека, дури и ако вирусот корона потекнува од друго место, на тој пазар има поволни услови за ширење на вирусот.