Пpистигнa чeтвpтaтa гeнepaциja нa Škoda Fabia

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Чекањето се исплатеше, затоа што Fabia ќе ја продолжи пазарната битка со нови адути. Пред сé со MQB платформата, истата онаа која ја имаат Polo и Ibiza. Нејзиното користење ѝ донесе значително поголеми димензии – должината е зголемена за 11, широчината за 5 а меѓуоскиното растојание за 9 сантиметри.

Сменети се и пропорциите на каросеријата, чиј изглед генерално го следи дизајнот на останатите модели на чешкиот производител. Со поголемата маска и потенките светла предниот дел изгледа помасивно, а острите линии назад се ублажени. Силуетата благо потсетува на досегашната генерација, а имплементираните стилски детали прават да изгледа позрело.

Слична естетика владее и во внатрешноста, која е значително помодерно уредена. Повеќе го нема чувството кое го оддаваат евтините материјали, а просторноста е донесена на ниво на конкуренцијата. Опременоста значително е подобрена и практично се среќава сé што има и во Polo. На возачот ќе внимаваат бројни системи за асистенција, а подобрената аеродинамика ја намалува бучавата на воздухот. Од Škoda уште наведуваат дека Fabia располага со 13 Simply Clever решенија кои ја зголемуваат практичноста.

Моторната понуда е очекувана. Дизели нема, а бензинците стартуваат со еднолитарскиот трицилиндричен агрегат со 65 и 80 коњски сили. Не треба да кажуваме какви перформанси тој овозможува. Поубедлив е неговиот турбо дериват кој е на располагање со 95 и 110 коњи. На врвот на понудата ќе се најде 1,5 литарскиот TSi со 150 коњски сили, во комбинација со DSG менувач со седум степени. Во иднина може да очекуваме верзија со погон на природен гас, но не и хибрид.

Продажбата на новата генерација на Fabia ќе започне наесен, по цени кои треба да бидат висококонкурентни. Караванската верзија засега е во втор план и на неа ќе се почека барем уште една година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This