Пpeнџов: Пpecпанско Езepo го cнeмyва, а вие нитy денар не издвoивтe во peбалансот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ни го снемува Преспанско Езеро, а ние не ставаме ниту еден денар да даваме пари за регулација на реката Пена кај Шипковица, иако за тоа има потреба, но состојбата е поалармантна во Преспа – рече Љупчо Пренџов од ВМРО-ДПМНЕ, во текот на денешната расправа по ребалансот на Буџетот во собраниската Комисија за финансирање и Буџет.

– Страшно е тоа што во Албанија се бараат оставки за снемувањето на водата во Преспанско Езеро, а кај нас нема ниту денар издвоен со ребалансот на Буџетот – рече Пренџов во реплика на дискусијата на Сања Лукареска од СДСМ.

Тој забележа на дел од мерките од Четвртиот пакет на мерки кои се однесуваат на фирмите и граѓаните како и на дел од уредбите донесени од техничката влада во време на коронакризата.

– Во услови на криза вие донесовте уредба за брусење на дијаманти и дававте лиценци за производство на марихуана – рече Пренџов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This