March 28, 2024, 12:06 pm

ПPOБЛЕМ ЗА ИНТЕГРАЦИЈАТА ВО ЕУ: Албанија не ги исполнува правата на малцинствата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според истражувањето на Институтот за политички студии на Албанија, албанската влада нема усвоено 46% од подзаконските акти од Законот за заштита на националните малцинства во Албанија.

Претседателот на Институтот за политички студии, Африм Красниќи, вели дека Албанија има можност да ги исполни правата на малцинствата, но има тешкотии во целосно спроведување на истите, пренесеува весникот „Илинден“-Тирана.

Пратеникот Лигорак Карамело вели дека со не носењето на поздаконските акти грчката заедница во Албанија ги губи основните права што треба веднаш да бидат исполнети.

Пратеникот Васил Стерјовски ја дели истата загриженост за македонското малцинство. Според него, владата сè уште нема планирано фонд во буџетот за 2020 година.

„Во буџетот за 2020 година, владата не планира средства за заштита на културата и идентитетот на малцинствата. Областите каде живеат малцинствата, особено областите каде што живее македонското малцинства, не се финансираат, и се запоставени не само од оваа влада, туку од сите влади во последните 30 години и гледаме дека нема чекор напред во овој процес, во процесот на подобрување на правата малцинства во нашата земја“. вели Стерјовски.

Исполнувањето на обврските кон малцинствата во Албанија беше едно од петте точки што Европската унија ги постави како услов владата да ги започне преговорите за пристапување во ЕУ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This