Пpoмeнливo oблaчнo и пocвeжo вpeмe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и посвежо. Минималната температура ќе се движи од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.

Во северозападните делови ќе има услови за повремен слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, поизразен вдолж Повардарието.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и посвежо. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 24 степени.

До четврток под влијание на продор на постудена воздушна маса ќе преовладува променливо облачно и значително посвежо време со умерен до засилен ветер од северозападен правец. Утре и во среда ќе има повремен локален дожд. Од четврток утринските температури ќе бидат особено ниски, а од петок повторно ќе има пораст на дневните температури.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This