March 29, 2024, 11:48 am

Пpoпадна и послeдниот обид: Победничките партии не успеаја да формираат влада

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Парламентарната група (ПГ) на ГЕРБ, партијата на досегашниот премиер на Бугарија, Бојко Борисов, и на Сојузот на демократските сили (СДС), денеска испратила покана за средба во бугарскиот парламент со ПГ на „Има таков народ“ на шоуменот Слави Трифонов, но од таму поканата експресно била одбиена, јави бугарската новинска агенција „Фокус“.

Тоа беше последниот обид да ГЕРБ и СДС да формираат влада, откако завчера бугарскиот претседател Румен Радев му го врачи мандатот на Даниел Митов од ГЕРБ за формирање нова бугарска влада.

Претходно, покана од ПГ на ГЕРБ и СДС за средба беше упатена и до „Демократска Бугарија“, но таа малку подоцна беше откажана.

Со оглед на фактот дека истекуваат и последните мигови да формираат влада, соочени со опозиција која е остро против нив, сосема е јасно дека ќе се исполни најавата дадена утрово од Тома Биков, заменик-претседавач на ПГ на ГЕРБ/СДС дека најверојатно денеска оваа изборна коалиција ќе го врати мандатот.

Следниот чекор е на Радев – се очекува тој да го врачи мандатот на „Има таков народ“, втората по број на гласови партија, која со поддршка на Бугарската социјалистичка партија и останатите релативно нови опозициски партии би можела да формира влада.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This