Радев: Бугарија е нajcилниoт пoддpжyвaч нa пpoшиpyвaњeтo нa ЕУ, нo нeмa дa дoзвoли кpшeњe нa пpaвaтa нa гpaѓaнитe co бyгapcкa caмocвеeт во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бугарија е најсилниот поддржувач на проширувањето на ЕУ, но не може да дозволи кршење на правата на граѓаните на Република Македонија со бугарска самосвест. Ова го изјави бугарскиот претседател Румен Радев на средбата со неговиот австриски колега Александар Ван дер Белен за време на денешната посета на австрискиот град Салцбург.

Како што јави дописникот на МИА во Софија, на средбата меѓу Радев и Ван дер Белен, било истакнато дека европската интеграција на земјите од регионот е во интерес на стабилноста и економскиот развој на Европа.

Претседателот Радев истакнал дека Бугарија принципиелно и доследно ја поддржува европската перспектива на регионот, која, сепак, вели, не треба да биде ограничена на формалните фази во процесот на пристапување и не може да им наштетува на интересите на земјите-членки на Унијата и нејзините вредности. Во врска со постигнувањето напредок во европската интеграција на Република Македонија, шефот на бугарската држава изјавил дека очекуваат јасна политичка волја од соседната земја за спроведување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете држави, потпишан во 2017 година.

Двајцата претседатели на Бугарија и Австрија многу сериозно обрнале внимание на темата за проширување на ЕУ кон Западен Балкан. Радев истакнал дека „иако во Скопје тврдат дека ги исполнуваат критериумите за пристапување, сепак сме сведоци на систематско кршење на правата на граѓаните на Република Македонија од бугарско потекло и нивна дискриминација, сè уште има говор на омраза кон Бугарија во учебниците и во јавниот простор“.

Според бугарскиот претседател, напредокот и решавањето на овие прашања зависат исклучиво од политиките на Република Македонија, со која Бугарија повеќепати изразила подготвеност да води конструктивен и отворен дијалог. Според Радев, ова е начинот да се создаде клима на доверба и да се постигнат конкретни и неповратни резултати што ќе доведат до почеток на преговори за членство во ЕУ.

Бугарскиот претседател во Салцбург истакна дека во рамките на словенечкото претседателство со Советот на Европската унија, неговата земја е подготвена да работи на постигнување напредок на чувствителни теми и на решенија прифатливи за двете земји.

Румен Радев со оценка и за билатералните односи меѓу Бугарија и Австрија, истакнувајќи дека тие се на одлично ниво со интензивен политички дијалог, вклучително и во рамките на конструктивната соработка на теми од европската и меѓународната агенда.

Во 2020 година, трговијата меѓу Бугарија и Австрија изнесува 1,358 милијарди евра, а австриските инвестиции во Бугарија изнесуваат 319,2 милиони евра. Претседателот Радев вели дека Бугарија го поттикнува интересот на австриските компании за нови инвестиции или проширување на нивното присуство во приоритетни области како што се медицински и лабораториски материјали, органско земјоделство, инфраструктурни проекти, машинско инженерство, електроника.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This