„Радмила, нити нешто знаеш, нити нешто конкретно си сработила во твојата очајна политичка кариера“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Радмила, нити нешто знаеш нити нешто конкретно си сработила во твојата очајна политичка кариера. Плажата е дадена под концесија во време на СДС и градоначалникот Ацо Петрески за помалку од 50 илјади денари годишен закуп, реагира Сашо Донев претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

„Другар ви Коста лошо ве информирал. Единствено што знаете е да ширите пропаганда, невистини и злоба. Додека вие и вашите полтрончиња метастазиравте во транзицијата, ние младите од Охрид бевме скромни и чесни деца од родители стечајци во фирмите кои криминално ги приватизиравте.

Родители кои останаа без работа во време кога требаше да не извадат на прав пат и школуваат. Не знаевме што е годишен одмор на море ама преубав и доволен ни беше нашиот Охрид и воопшто не жалиме. Додека вие ја цицавте државата и граѓаните уште од време на Бранко, ние одевме трнлив но чесен пат и денес сме тука со чисто лице и без товар.

Затоа врати се Скопје и не проповедај на терен кој проплакал од вас. На 15ти јули е правиот момент за конечно да ве пратиме на буништето на историјата каде одамна веќе припаѓате, заедно со сите транзициски политичари и профитери од вашето неславно минато“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This