Разочарувањето кај народот од политичарите е огромно, бидејќи преку ноќ се збогатија на грбот на народот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа Телевизија истакна дека во Македонија најголемо е разочарувањето во политичарите, а потоа најмалку доверба имаат граѓаните во правосудните органи и истото мора да се промени со прочистување во политиката
Тој изјави дека поминуваат многу избори, многу се ветува ништо не се исполнува, политичарите доаѓаат пред избори, ветуваат се и сешто, потоа никаде ги нема се до следните избори.

Од друга страна граѓаните гледаат дека има интензивно и несразмерно зголемување на имотот на политичарите. Гледаме дека луѓе кои до вчера биле просечни за една година во високата политика стануваат натпросечни, во делот на имотот кој го поседуваат. Тоа се брои во милионски суми, еве господинот Заев често пати знае дека каже да каже дека има имотен лист од 80 или 100.000 евра, а пред некој ден го слушаме како вели дека неговото семејство имало богатство од 8,5 до 10 милиони евра, потенцира Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека мора да се знае вистината што е точно 70 илјади или 10 милиони

– Така да јас прво би почнал со прочистување во политиката. Да видиме семејствата на политичарите да имаат шанса да докажат како го стекнале тој имот. Кога ќе има казнивост во политиката, кога политичарите ќе бидат предмет на таков тип ветинг, или прочистување тогаш можеме да кажеме дека се што сме постигнале имаме како да докажеме, нагласи Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This