March 29, 2024, 12:49 pm

Ракот пocecивeн кoн пapтнepoт, Јарецот caкa дa флepтyвa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ОВЕН

Сакате успех на работа. Вашите планови се прагматични, а вие сте оптимистични. Ве очекува интересно познанство кое на старт преминува во флерт. Расположени сте за понатамошно дружење. Добро се чувствувате.

БИК

Работата нормално се развива, а вие очекувате подобрување на финансиите. Емотивно сте заинтересирани за личноста со која отворено флертувате. Имате големи очекувања од потенцијалната врска. Стабилно здравје.

БЛИЗНАЦИ

Надредената личност иницира разговор. Ве инфомира дека е задоволна од вашиот учинок. Отворена можност за влегување во љубовен триаголник. Емоциите ви проработиле. Солидно здравје.

РАК

Ве очекува состанок на кој ќе брилијирате и ќе успеете да остварите нова соработка. Посесивен сте кон партнерот. Имате желба тој да се гледа само со вас, и со ниту една личност повеќе. Стабилно здравје.

ЛАВ

Комуникацијата со колегите не е најдобра и не успевате да најдете заеднички јазик. Ве очекува непланирана промена на плановите. Бракот е стабилен, но партнерот мисли дека сте ладен кон него. Расположението е во пад.

ДЕВИЦА

Ве очекуваат непланирани проблеми на работа кои не успевате да ги решите во целост. На брачниот партнер отворено му зборувате за случувањата на работа, а тој ви пружа поддршка. Не сте расположени.

ВАГА

Работната ситуација е одлична. Во работна смисла сте успешни, а во финансиска сте задоволни. Пред вас е ново познанство со личност која остава впечаток на прво видување. Солидна ситуација со здравјето.

ШКОРПИЈА

На работа ве очекуваат непријатности. Постои екипа на која не сте симпатични, па ќе ве нападне. Не посветувате премногу внимание на брачниот партнер. Но, бидете внимателни, затоа што некому се допаѓа. Проблеми со синусите.

СТРЕЛЕЦ

Поволен ден за барање и добивање на кредит ако веќе сте аплицирале. На работа сте вредни и амбициозни. Врската ја сфаќате премногу сериозно. Не сте свесни дека другата страна е наклонета кон флерт. Стабилно здравје.

ЈАРЕЦ

Презадоволни сте како се развива соработката со странските соработници. Се трудите да ги подобрите финансиите. Имате нагласена потреба да сакате и да бидете сакани. Сакате флерт и барате партнер. Солидно здравје.

ВОДОЛИЈА

Кога е работата во прашање, имате доза на несигурност. Ве очекуваат проблеми кои може да ги решите, и покрај тоа што не верувате во себе. Не сте сигурни кога е брачниот партнер во прашање. Стравувате да не се појави трета личност. Нервите ви се чувствителни.

РИБИ

Фокусирани сте на работни обврски и успесите. Се потпирате на интуицијата во текот на носење на одлуки. Имате симпатија и се трудите да ја освоите. Потенцијална врска ќе биде од таен тип. Се чувствувате добро.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This