Рамадани: МЕПСО за еден месец ќе плати 15 милиони евра поради недозволеното преземање од европската мрежа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Директорот Васил Ковачевски во неколку наврати во последните десетина дена кажа дека ситуацијата со електрична енергија во земјава е стабилна, и дека производството е доволно. Директорот на МЕПСО, Куштрим Рамадани, пак, во ексклузино интервју за ТВ Телма изјави декан не производството не само што не ги задоволува потребите на македонскиот пазар, туку и дополнително се увезува струја од европската електрична мрежа.

Рамадани  појаснува дека потрошувачката е поголема од производството на електрична енергија, а набавка од добавувачите нема поради поскапените цени на берзата.

„Минатите денови имаме забележано дека производството плус увозот не е во баланс со потрошувачката. Тоа значи просто дека ние имаме недостаток на електрична енергија. Според нашите првични извештаи, ние производството го следиме онлајн, 24 часа, кога ги споредуваме, колку е производството, увозот и потрошувачката, можеме да заклучиме дека најголемите отстапувања се случуваат токму поради ЕСМ. Значи имаме намалено производство на електрична енергија. Разликата ние ја преземаме од европската мрежа, без најава“, вели Рамадани за ТВ Телма.

Рамадани појасни дека европската електрична мрежа служи за преземање на електрична енергија во случај на хаварија. Бидејќи во Макеоднија нема никаква состојба на хаварија, земјата има добиено и предупредувања поради ваквото недозволено преземање на струја.

„Досега имаме добиено четири предупредувања од центарот во Швајцарија кој ги прави пресметките преку специјални алатки кои на 15 минутно ниво гледаат колку отстапува во мрежата и затоа не имаат предупредено дека ние преземаме нон стоп енергија од мрежата, што не е дозволено. Преземање можно е во случај на хаварија, ама ние знаејќи дека немаме никаква хаварија кај нас, се знае дека ние оваа енергија ја преземаме за снабдување на порошувачите што е спротивно на сите правила“, појаснува Рамадани.

Тој додаде дека МЕПСО оваа увезена електрична енергија ќе треба да ја плати најдоцна до средината на ноември. Според досегашните пресметки сметката ќе изнесува околу 10 милиони евра, а ако продолжи трендот на увоз, сметката може да достигне и 15 милиони евра до крајот на месецот, што ќе биде сериозен удар за ликвидноста на МЕПСО.

„МЕПСО оваа енергија треба да ја плати, Според нашите пресметки до сега, направени се некаде околу 10 милиони евра, а ако продолжи трендот така со зголемување, значи може да бидат над 15 милиони евра што ние кон средината на ноември треба да ги платиме кон Европа. И тие 15 милиони евра се само за еден месец. Знаејќи дека МЕПСО има вкупен годишен приход од 30 милиони евра, ние кога ќе ги платиме овие 15 милиони евра, ако бидат толку до крајот на месецот, ова ќе биде голем удар брз ликвидноста на МЕПСО. Ние апсолуто ги немаме тие средства на сметка за да можеме да ги исплатиме кон Европа“, вели Рамаданои

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This