Рама во ненајавена посета на Турција на средба со Ердоган

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Албанскиот премиер, Еди Рама објави дека се сретнал со претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, во неговата летна резиденција во Мармарис.

„Со претседателот на Турција, драгиот пријател Реџеп Таип Ердоган, за време на престојот во неговата летна резиденција во Мармарис, разговаравме широко за односите меѓу Албанија и Турција, прeдизвикот за зaјакнување на економијата во услови на пaндемијaта со Ковид–19, унапредувањето на билатералната соработка, како и состојбата во регионот на Западен Балкан“, напиша Рама на социјалните мрежи.

Средбата не беше претходно најавена и претходи на неговата посета на Грција каде ќе престојува утре и задутре.

Рама во Грција ќе учествува на собирот организиран од списанието „Економист“, а предвидено е и да оствари средба со грчкиот колега, Киријакос Мицотакис.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This