Рама обвинyвa за државен yдap: Воздушниот простор на Албанија е вoн контрола

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот на Албанија обвини за државен удар и го посочи претседателот Илир Мета како директен организарот на настаните на аеродромот во Тирана.

Ова доаѓа поради штрајкот што денеска го започнаа контролорите на АлбКонтрол, обвинуањата на минстерката за инфраструктура Белинда Балуку, која овој чин го нарече државен удар, кој според премиерот Еди Рама го поттикнале претседателот Илир Мета и Сали Бериша.

Вооружените сили ја презедоа контролата над аеродромот. Воената полиција и силите за брза интервенција се вклучија во обезбедувување на аеродромот во Тирана. Минстерот за одбрана Нико Пелеши изјави дека аеродромот е од стратешко значење и затоа мора да се обезбедува.

-Со блокирањето на воздушниот сообраќај се доведува во прашање и здравјето на нашите граѓани бидејќи денеска е спречено приситигнувањето на најавените пратки со вакцини против Ковид-19, рече Балуку.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This