April 19, 2024, 10:50 pm

РАСКОЛНИЦИТЕ ОД МПЦ, РАСКОЛНИЧКИ И КОН МАКЕДОНИЈА: Следбениците на Вранишковски продолжуваат со антимакедонска политика и поддршка за СДСМ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Давид Нинов, член на расколничката структура на Јован Вранишковски и негатор на афтокефалноста на МПЦ, во својата редовна колумна на соросовиот портал, финансиран од УСАИД „ПлусИнфо“ на Бранко Героски повторно даде поддршка на политиките на СДСМ.

david-04

Нинов кој е член на антимакедонската организација на Вранишковски, упатува низа неосновани критики кон Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, легитимно избран од страна на речиси 550.000 граѓани на Република Македонија.

Нинов од позиција на т.н. „свештено лице“ во антимакедонска организација продолжува да глуми и политичар, артикулирајќи ги ставовите на СДСМ.

Давид Нинов е посветен на делувањето контра МПЦ која ја има апсолутната поддршка од македонскиот народ и против македонската држава преку својата расколничка организација формирана од политички интереси на организации од соседството.

Простор за ваквото свое делување, Нинов редовно наоѓа во мегафонот на СДСМ/Сорос/УСАИД „Плус Инфо“ на медиумскиот експонент на опозицијата Бранко Героски.

За потсетување, Нинов и неговата расколничка организација минатата година искажаа широка поддршка и за платеничката револуција на СДСМ во која беа сквернавени споменици на историјата и културата на македонскиот народ, а беше оштетуван и државен имот при што нанесената штета изнесува повеќе стотици илјади евра.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This