РАСКОЛ ВО ЛЕВИЦА Савески вели Апасиев направи пуч, Апасиев вели: Спречен пуч во партијата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Раскол во Левица. Синоќа партијата објави дека во нивните редови е спречен пуч.

Во раните утрински часови, пак, Здравко Савески со свое соопштение и различно гледиште на пучот.

Пуч во Левица од страна на Димитар Апасиев!

Објава од Президиумот на Левица:

Упатуваме јавен демант за лажната вест која се прошири по медиумите дека во политичката партија Левица имало обид за пуч. За волја на вистината, мала група предводена од Димитар Апасиев спротивно на Статутот и законските одредби на антидемократски начин се обидоа да ја превземат контролата во партијата именувајќи се самите себе за Президиум и Централен комитет без знаење на две третини од членовите на Централниот комитет и апсолутното мнозинство на Президиумот, како и поширокиот број на членови.

Сакаме да потенцираме дека Левица не е само Димитар Апасиев и дека оваа партија ја создадовме за коренито реобликување на стварноста, а не да робува на неговиот политички опортунизам.
Да не дозволиме единствената искра за суштинска промена на општеството да згасне под притисокот на гробарите на овој народ, а тоа се СДСМ-ДПМНЕ-ДУИ.

Президиум на Левица

Савески и утрово има ново соопштение, во кое за пучот го обвинува Димирар Апасиев.

Откако органите на Левица му застанаа на патот на неговото самоволие, Димитар Апасиев изврши пуч во Левица. Како Левица да е негова сопственост, разреши половина состав на Централниот комитет и повеќе од половина состав од неговиот Президиум. Фактички, секој што му застана на патот на неговото самоволие го разреши. А се претставува како голем приврзаник на владеењето на правото.

Да, кога му одговара се повикува. Кога правните норми се во спротивност со неговото самоволие – ги крши.

Димитар Апасиев веќе подолго време е во контакт со ВМРО-ДПМНЕ и со неговото раководство. Оствари и средби со Христијан Мицковски. И очигледно работи на тоа од Левица да направи сателит-партија на ВМРО-ДПМНЕ, а за себе да си обезбеди пратеничко место преку листите на ВМРО-ДПМНЕ на следните избори.

Пред две години беше извршен обид за преземање на Левица од инсталации на СДСМ. Тој обид заврши со неуспех. Сега се прави обид за пуч во дослух со ВМРО-ДПМНЕ, извршен со веројатна цел Левица да ѝ даде легитимитет на наводно независната кандидатура за претседател на државата на Гордана Силјановска, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ.

Жално е да се гледа како и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ роварат со цел да оневозможат постоење на партии кои нема да бидат нивни сателити. Жално е да се гледа и тоа како луѓе, поради личен интерес, се продаваат на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и на тој начин ја валкаат идејата за алтернатива на нивното клиентелистичко владеење.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This