РАСТАТ БУГАРСКИТЕ АПЕТИТЕ-СЕ ДОГОВОРИЛ ЛИ ЗАЕВ?: Бугарите бараат да бидат државотворен народ во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Красимир Богданов, заменик-претседател на Комисијата за надворешна политика на Народното собрание на Бугарија, испорача ново барање за Македонија ако сака да стане членка на Европската унија.

„И покрај теророт и систематското искоренување на бугарштината, и денес илјадници граѓани на РСМ си го чуваат бугарското самосознание, а стотици илјади, какви и да имаат економски интереси, мечтаат да бидат Бугари по државјанство и трескавично пребаруваат во старите фиоки за да ги најдат бугарските документи на своите баби и дедовци. Но, не само поради минатото, овие луѓе ги заслужуваат своите права и идентификација. Ако властодршците во РС Македонија сметаат дека нивната земја треба да биде дел од ЕУ, тие ќе треба да ги признаат своите бугарски етнички и историски корени и бугарскиот државотворен принцип на нивната современа државност, како и бугарската лингвистичка основа на јазикот што се зборува во Повардарието. А Бугарите треба да бидат запишани во Уставот на Република Северна Македонија. Дури тогаш, а не како досега, со ситни итроштини, соседната земја ќе може да смета на безрезервна бугарска поддршка“, порача Богданов, пратеник на Обединети патриоти, кои се дел од Владата на Бојко Борисов.
 

Извор: Експрес</a>

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This