- Advertisement -
Привршува броењето на гласовите од гласањето на локалните избори за градоначалник на Град Скопје. Досега се преброени 98,10%, а според нив во убедливо водство е кандидатката Данела Арсовска со освоени 37,65%, односно 84.830 гласови.
Актуелниот градоначалник Петре Шилегов освоил 34,30%, односно 77.297 гласови, што е за 7533 глласови помалку од Арсовска.
Се очекува во текот на денот да бидат преброени и останатите гласови по што Државната изборна комисија ќе ги онјави офиијалните резултати.