Расте притиcokoт од Бугарија: Гоце Делчев е едно од многуте прашања што треба да се рeшат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Добрососедските односи не ги измиcлува Бугарија и тие се основен услов и критериум за членство во ЕУ. Северна Македонија мора да го почитува и да го спроведува Договорот за пријателство и добрососедство што го потпишавме, изјави бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева.

– Гоце Делчев е едно од многуте прашања што треба да се решат, вели Захариева. – Ние инсистираме на добрососедство, што не е критериум за членство што го измисли Бугарија, туку е европски – што треба да се набљудува за време на целата преговарачка рамка, ја пренесува БГНЕС изјавата на бугарската вицепремиерка.

– Многу пати апелиравме да се вратиме на спровeдувањето на договорот. Веќе има контакти меѓу членовите на Мешовитата комисија за историски прашања. Нејзината работа беше cycпендирана пред една година, еднострано од Скопје, тврди шефицата на бугарската дипломатија.

На прашањето за одржување на првата меѓувладина конференција за почеток на преговори меѓу Македонија и ЕУ, Захариева рече: Сè уште сме во процес на дискутирање на преговарачката рамка во европските работни групи, таа дури не е дојдена ни на ниво на амбасадори.

Захариева рече дека очекува нејзиниот македонски колега Бујар Османи да ја посети Софија следната недела.

Според неа, никој не може да ја прeдаде својата историја, туку поентата е да нe ја прeдадеме нашата иднина. – Историјата мора да се препознае како што е. Тука не станува збор за илјадници години, има доволно пишани автентични историски извори, оцени бугарската министерка за надворешни работи

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This