Рашковски вмешан во ckaндал со примање кандидати на Академијата за cyдии и јавни oбвинители

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професори на Правниот факултет „Јустинијан Први“ потврдуваат за СДСК.мк дека претрес во истрагата против Рашковски за злоупотреба на службената положба и овластувањата се вршел и во неговата факултетска канцеларија, бидејќи фирмата „Инвока“ ја користела.

Одземените биле компјутери на „Инвока“, но таму бил и софтверот за прашањата за кандидатите за Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“.

ВМРО-ДПМНЕ јавно го впери прстот во Заев и Рашковски уште пред две години, обвнувајќи ги дека избораат судии и обвинители договорени во канцеларии.

Со доаѓањето на власт на Владата на СДСМ електронското полагање на испити е префрлено во просториите на Правниот факултет во Скопје.

Според информациите на ВМРО-ДПМНЕ, двоецот Заев – Рашковски преку системитизирана методологија влијае врз електронските резултати на кандидатите, а во текот на вчерашниот ден неколку лица директно поврзани со Заев, Рашковски и СДСМ оствариле нетипично високи резултати. Толку високи резултати досега не се постигнати откако постои Академијата. Затоа го повикуваме Рашковски, го повикуваме и Заев да одговорат, а конкретно Рашковски дали бил и што правел на Правниот факултет, во текот на неговото работно време во Владата, токму во моментот кога полагале кандидатите блиски до него и СДСМ, праша Арсовски на прес-конференција.

Истрагата против Рашковски Обвинителството ја почна за софтвер кој чини над 80.000 евра, кој Рашковски во име на Владата го набавил од фирмата „Инвока“ за потребите на МВР, а на полицијата ниту ѝ бил потребен, ниту пак некогаш од него побарала да им набави таков софтвер за сообраќајни прекршоци.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This