Во последните 24 часа во светот се регистрирани 212.326 нови случаи на коронавирус, што е рекорден пораст на бројот на новозаразени во еден ден, објави Светската здравствена организација (СЗО).
Најмногу новозаразени има во САД, во Бразил и во Индија, се наведува во соопштението на СЗО, новозаразени имало на 28 јуни – 189.077.
Бројот на случаи со коронавирус во светот надмина 11 милиони, а на дневно ниво во светот умираат над 5.000 луѓе. Од прогласување на пандемијата од коронавирус починале повеќе од половина милион луѓе.