March 28, 2024, 10:35 am

Ресен е општина со најмногу зaбoлeни од Koвид-19 по глaвa на жител

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ресен изминатиов месец стана град со најмногу Koвид-19 случаи по глава на жител во Македонија.

Речиси три месеци немаше ни едно лице заболено од вирусот, но по семејната прослава за празникот Спасовден стана ново жариште на КОВИД-19.

„Првите случаи во Ресен потекнуваат повторно од семејна прослава. Заседаваше Кризниот штаб и беше донесена одлука заедно со компаниите каде се вработени близу 600 луѓе следните 10 до 14 дена да не одат на работа за да се спречат контакти и ширењето на вирусот, недамна изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Според податоците на Институтот за јавно здравје највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Ресен со 746,1 заболени и Штип со 740,4 на 100.000 жители, Куманово (561,4/100.000), Скопје (554,4/100.000), Дебар (396,3/100.000), Струга (395,0/100.000), Тетово (388,0/100.000) и Охрид (365,4/100.000), додека инциденца со над 150 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Велес, Прилеп, Свети Николе, Пробиштип и Кочани“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This