РЕФЕРЕНДУМОТ МОЖЕ И ДА НЕ СЕ ОДРЖИ: Уставниот Суд закажа седница на која ќе се разгледува уставноста на референдумот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Уставниот суд на Република Македонија на 21 седница закажана за 19 септември 2018 година со почеток во 9.30 часот ќе ги разгледува иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за распишување на референдум бр.08-4666/1, донесена од Собранието на Република Македонија на 30 јули 2018 година (“Службен весник на Република Македонија“ број 140/2018).

Доколку Уставниот суд ја прифати иницијативата на Светскиот Македонски Конгрес, може да ја поништи Одлуката за распишување на референдум веднаш или да донесе времена мерка до одлучување, со што се суспендираат сите поединечни дејствија и акти со цел, а заради спречување на штетните последици по Буџетот и даночните обврзници, правата и слободите и внатрешниот правен поредок на земјата!

Од СМК се надеваат дека референдумот нема да се одржи бидејќи Одлуката за негово распишување е спротивна на Уставот и Законот за референдум!

Надеж изрази и професорката по Уставно право Тања Каракамишева.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This