April 19, 2024, 10:21 pm

Реформирање и модернизација на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Партијата обзнани целосна реконцептуализација: на организационет план; на ниво на функционирање; и во поглед на предлагање и водење на иновативни и модерни политики. Тоа е нов концепт на демкратско организирање и современо, модерно политичко настапување и дејствување.

Во време на партиското опаѓање и кризата што ги зафати политичките партии, во Македонија, Европа и светот, ВМРО-ДПМНЕ се одлучи за реформи: реформи на партиското организирање и реформи во политичкото дејствување. За актуелните политички предизвици, на планот на партиско организирање, политичко дејствување и предлагање и реализирање на политики и мерки за нивно ефикасно спроведување, ВМРО-ДПМНЕ вчера и изненади со нов концепт на организирање, функционирање и водење делотворна политика.

Партијата вчера ги објави промените на партискиот статут, што значат суштинска реформа на организирањето и функционирањето на партијата, на нов начин, модерен и современ, на дејствување на членовите и функционерите на партијата – во самата партија, во институциите на системот во државата и на јавната, домашна и меѓународна, политичка сцена.

Опсегот на предложените мерки е широк, а содржината на високо ниво на квалитет. Се менува статутот на партијата при што се проширува и зацврстува внатрепартиската демократија, се воведуваат нови тела на организирање(Совет на интелектуалци, ветерани на партијата) и дејствување и се ограничуваат мандатите.

Унапредена е внатрепартиската демократија: непосреден избор на кандидатите за градоначалници и советници и подемкратски избор на претседателите на општинските комитети.

Воведен е нов и вистински вредносен систем за ликот и активноста на секој член: способностите, умеењето и капацитетите на поединецот се ставени на преден план. Притоа решавачка да биде довербата кај членството, личниот углед и минатиот труд. За мене оваа мерка и новина е и најважна: Се воведува вредносен систем во кој принципите се се. Тоа значи преку искреност, чесност, интегритет и одговорност, ќе се гради доверба кај членството, симпатизерите и граѓаните избирачи.

Од рестриктивните мерки треба да се истакнат ограничување на мандатите: на претседателот на општинскиот комитет и на претседателот на партијата. Тоа значи побрз и поредовен проток на способни кадри и свежи идеи, проекти и концепти. Тоа еден вид зајакнување на внатрепартиската динамика и динамизирање и планирање на активноста(визија, идеи, проекти, мерки, цели) во период од два циклуса – 4 плус 4 години. Сосема доволно да се создаде визија, да се предложат нови идеи, да се воведат иновативни и креативни алатки, преку кои ќе се спроведуваат мерки, проекти и цели, а притоа тие да бидат ефикасни и делотворни.

Сето ова за мене е целосна реконцептуализација на ВМРО-ДПМНЕ како политички субјект и активен и доминантен чинител, како во внатрешната политика, така и на планот на активноста и настапот на Македонија на меѓународен план. Со овие реформски зафати, сигурен сум дека ВМо-ДПМНЕ го издига на многу повисоко ниво демократските способности и натпреварувачкиот карактер и способностите на членовите и партиските раководители, но и партијата во целост. Тоа мора да резултира со поголем политички и демократски натпреварувачки капацитет на политичката сцена, поголема и помоќна презентација од и кон граѓаните избирачи, и подобра подготвеност и позиција за политичко и демократско договарање.
Чинам дека со обзнанувањето на овој нов концепт на организирање и политичко настапување и дејствување, ВМРО-ДПМНЕ ги издигна на највиско ниво четирите димензии и чинители на нова модерна партија: ја зајакнува политичката натпреварувачка способност, наспротив партиската затвореност; овозможува многу поголема достапност(медиуми, граѓани, јавност) наспротив енкапсулацијата; ја зајакнува пресудноста како политички субјект, наспротив маргинализацијата и нерелевантноста; и конечно се справува со ранливоста(внатрпартиски тензии и одбивање на надворешните деструктивни неосновани напади), а ја зголемува отпорноста и сигурноста на демократското дејствување. Потребни се упорност и истрајност сето ова да се реализира. Секако желбата за промени се подразбира. Едноставно, со овој концепт за реформирање и модернизирање треба секојдневно да се живее.

Пишува: Сотир Костов

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This