April 25, 2024, 12:53 pm

РЕФОРМСКИ ОД СКУТОТ НА ИЗМАМНИКОТ ЗАЕВ: Единствено што успеале да реформираат Михајловски и Богојески е нивниот домашен буџет

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Наместо реформатори, измамници во скутот на Заев. Тие се жртви само пред телевизија. Ќе направат се само за да ги заштитет личните интереси. Се борат само да си ги зачуваат позиции умилкувајќи му се на Зоран Заев. Ова се само дел од коментарите за „реформаторите“ Александар Михајлоски и Петар Богојески.

„Реформаторите“ до пред неколку дена беспоштедно ги поддржуваа политиките и движењето на ВМРО-ДПМНЕ, без да имаат каква било замерка на „демократијата“ или донесените одлуки и решенија. Но, потребата за „реформирање“ се јави кога се соочија дека ќе останат без бенефитите. Овие „реформатори“, кои се богатеа на грбот на ВМРО-ДПМНЕ, сега одработуваат агенда која повторно ќе им донесе лагоден живот без труд и работа.

-Петре и Алек, недраги клиентелисти, и непочитувани измамници,

Велите вие цело време сте мислеле поинаку, ама сега сте се охрабриле да зборите. Нема одговор на прашањето каде бевте 2008та, 2011та и 2014та година кога ВМРО нижеше силни победи и каде бевте да побарате реформи тогаш. Во што сте обесправени, во тоа што Александар Михајловски познат како Алек рекетар, минатата година имал приходи од половина милион евра како адвокат, или Петар Богоевски викан Бунтур кој е познат во јавноста како Пецо Даравела, како државен советник нижи по 40 илјади денари месечна плата и чие име се поврзува со редица скандали. Или пак Илија Илјовски од Центар кој има годишен приход од 100 илјади евра. Или пак Александар Стојчевски кој е “јако обесправен” како десетгодишен актуелен помошник директор во ПУИК со месечна плата од 60 илјади денари. Како си придодавате на значење, па манипулирате дека ВМРО само поради вас ги распуштило комисиите, што е ноторна лага и измама. Големи “жртви” сте само пред телевизија. Функционери на дугме, а на овој начин само си ги штитите личните интереси и купувате повластувања од власта на СДСМ и се борите да си ги зачувате вашите позиции умилкувајќи се на Заев. Нема да успеете, бидејќи ВМРО е народот, а народот ве презира. Наместо реформатори, измамници во скутот на Заев, се вели во статусот на Фејсбук.

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This