(Рецепт) ЗА ДА ИМАТЕ ПРЕУБАВИ РАСЦВЕТАНИ РАСТЕНИЈА: Овој едноставен раствор може да ви го овозможи тоа!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Било кое саксиско цвеќе повремено треба да се прехранува, особено за време на вегетативниот период и периодот на цветање. Како би го зголемиле растот и цветањето и на најбезнадежните растенија, ќе ви помогне во тоа обичниот квасец.

Фитохормони, витамини од групата B (растителни хормони), кои се наоѓаат во квасецот, активно ја стимулираат клeтoчната пoдeлбa и растот на растенијата. Зaштитaтa од ваков вид се користи од страна на професионални одгледувачи на растенија, вели uspesnazena.com!

Благодарение на оваа прехрана, активноста на микроорганизмите во почвата се зголемува, се зголемува содржината на јаглероден диоксид, микро и макроелементи, што има особено корисен ефект врз кореновиот систем и надворешниот изглед на самото растение.

Значи, ако сакате вашите растенија да бидат здрави и да цветаат долг период, можете да подготвите раствор за нивна прехранa.

Ќе ви биде потребно:

– 10 гр свеж квасец
– 1 лажичка шеќер
– 1 литар топла вода

Подготовка:

Растворете го квасецот во вода, додадете шеќер и измешајте. Оставете да стои најмалку 2 часа. Со овој раствор, полевајте ги цвеќињата двапати месечно во есенско-зимскиот период, а еднаш во десет дена во пролет-лето.

Ќе забележите како листовите стануваат позелени, а цветањето е побујно и побогато.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This