April 25, 2024, 10:08 pm

(Рецепт) ПОВКУСЕН ОД БУРЕГЏИЛНИЦА: Домашен бурек за појадок кој брзо се приготвува!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нема човек на Балканов којшто не yживa во тазе подготвен бурек. Може да се јаде во било кој дел од денот и подеднакво ќе ни биде вкусен. Не за џабе се рекло – Ако не си пpoбал бурек, не си бил во Македонија.

Доколку и вие сте едни од тие кои нe можат да му одолeaт на бурекот, ви претставуваме одличен рецепт за прекрасен домашен бурек кој лесно и брзо се подготвува а е повкусен дури и од оној во бурекџилниците!

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 пакување готови тенки кори, 150 мл вода, 50 мл масло, сол по вкус и 500 г сирење.

ПОСТАПКА: Водата, маслото и солта ставете на оган да зоврие.

Првите две кори ставете ги во тепсија но така што краевите ќе висат надвор. Премачкајте ги со масло и вода. Така редете ги следните кори и секоја исто премачкувајте ја.

Потоа филувајте со сирење и повторно редете кори и секоја прелијте ја.

Кога ќе се потрошат сите кори, тогаш оние првите две што висат преклопете ги одозгора.
Печете на 220 степени околу 30 минути. Кога е печен бурекот превртете го наопаку и иceчете го.

Знам дека се признава само бурек со месо, а сето останато со сирење дека е пита или баница, па вие наречете го како сакате. Пријатно јадење!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This