April 19, 2024, 11:51 am

РИСТОВСКИ: Продолжува поддршката на талентираните ученици

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за образование и наука го објави конкурсот за доделување на паричен надомест во висина од 50%, 40%, односно 30% од просечната нето плата за освоено прво, второ, или трето место на меѓународен натпревар од областа на математиката и природните науки во учебната 2016/2017 година, како за учениците, така и за нивните ментори, објави заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски на својот Фејсбук профил.

ristovski

-Конкурсот е достапен на www.mon.gov.mk и ќе биде активен до 31 август 2017 година, за сите оние кои ќе учествуваат на меѓународен натпревар со учесници од најмалку 10 различни земји и ќе освојат награда. Истовремено, продолжуваме и со доделување на финансиски надомест во висина до 50% од просечната нето плата во земјата, за сите ученици и нивните ментори, доколку освојат прво место на државен натпревар, напиша Ристовски.

Тој упати апел до сите ученици да го искористат својот талент и знаење и да продолжат и во учебната 2016/2017 да се натпреваруваат.

spiro-fffffbbbbb

-Апелирам и ги охрабрувам сите талентирани ученици, коишто веќе учествувале на ваков тип на натпревари, да продолжат да се натпреваруваат и во оваа учебна година и секако, оние кои немаат вакво искуство, да се охрабрат и да се пријават за учество на некој од натпреварите, напиша Ристовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This