РОДИТЕЛСКО ПИСМО КОЕ ГИ ОСВОИ СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Ова секој треба да го прочита

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Драго дете,

Сѐ уште не сум остарена, а кога ќе ме видиш таква, имај трпение со мене и пробај да ме разбереш. Ако се извалкам за време на ручекот и ако не можам сама да се облечам, имај трпение. Сети се на часовите кои ги потрошив, додека ти истото го учеше. И ако во текот на разговорот повторувам исти работи немој да ме прекинуваш, сослушај ме.. И јас морав истата приказна да ти ја читам повторно и повторно пред да потонеш во сон. Ако не сакам да се избањам, не исмевај ме и не ме навредувај. Сети се како морав да те ловам по собите и да измислувам илјада причини за да влезеш во кадата. Кога ќе ми замериш за моето незнаење за новата технологија дај ми време и немој да ме гледаш со потсмев.. Јас те научив тебе на многу работи, како правилно да јадеш, како правилно да се облечеш, како да се соочиш со животот..

Ако некогаш ми одлета мислата дај ми малку време да се присетам и ако тоа не ми појде од рака немој да се вознемирууваш.. Најважната работа на светот не ми е нашиот разговор, туку да сум со тебе и да знаеш да ме сослушаш. Ако не сакам да јадам, не ме присилувај.. Знам што е најдоброто за мене, кога ми е храната потребна, кога не ми е. Кога уморените нозе нема да ми дозволат да одам, пружи ми ја раката исто како што јас ти ја пружев кога се справуваше со првите чекори. И ако еднаш ти кажам дека повеќе не сакам да живеам, дека сакам да умрам, не ми се лути, еден ден ќе ме разбереш. Еднаш ќе разбереш дека и покрај сите направени грешки ти го посакував само најдоброто и се обидов да те подготвам за патувањето низ животот. Не тагувај и не чувствувај се беспомошно кога ќе ме гледаш таква покрај себе. Биди ми поткрепа, помогни ми да го завршам ова патување со љубов и со трпение. Ќе ти вратам со насмевка и со неизмерна љубов која отсекогаш ја чував за тебе.

Те сакам,

Твојот родител

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This