Ромбоидни кpeтеноиди од СДСМ: „Гитла“!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Оваа колумна мора да биде со Крајот на почетокот, средината на крајот, а почетокот во средина. Така природно дојде.

Да почнеме со крајот

Морам да признаам дека се импресионирав од зборовите на големиот Петре М. Андреевски, кои една голема компанија за потребите за рекламирање на пијалок ги користи неговите цитати од романот ТУНЕЛ.

„Само ако имаме нешто за сеќавање, само тогаш знаеме колку време сме биле заедно и колку време сме живееле и зошто треба да го браниме тој живот“.

Како и да завртиш мора во ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски да соберат храброст и да бидат доблесни и да го признаат следново:

„Можеби нема да биде исто, но заедно ќе направиме да биде подобро! Заедно. За убаво. За НАС“.

Да живее Република Македонија.

Почетокот

Во политиката влегов како младинец во далечната 1994-1995 година каде за нас се грижеше Зоран Велковски и кој безрезервно не’ внесуваше онаму каде многумина можеа и уште можат да сонуваат. Без неговата помош немаше никогаш да научиме теооретски, а богами и практично, да применуваме позитивни политички теории, кои ги кажале и примениле сериозни политички актери. Еве една од нив:

Општата слика мора да ја гледаш од Птичја Перспектива

Во сиве овие години дружење со политичари, а од 2002 година и со најрелевантните медиумски работници, сеуште сам на себе неможам да си ја објаснам опсесијата на СДСМ дека ВМРО-ДПМНЕ не смее да постои на политичката сцена. Посебно изразено во последните години. Која злоба извира директно од Бихачка. Најверојатно имаат некоја тајна чешма и огледало каде прво ќе се напијат голтка од злобата, а подоцна на огледалото повторуваат: Се повеќе и повеќе ги мразам ВМРО.

Во минатото на чело со Лазар Китановски се играше на картата да се создадат што повеќе независни ВМРО-а со надимаци – Татковинска, Обединета, ВМРО- ДП, ВМРО-ВМРО, ВМРО-Македонска, ВМРО-(Ваљево)НП итн. Се’ со цел да се намали влијанието на ВМРО-ДПМНЕ. Резултатот нормално е нула.

Ама не се откажуваат. Сега сакаат да ја превземат со научно докажано истрошени кадри. Значи заклучок е дека СДСМ новата стратегија за уривање на ВМРО-ДПМНЕ ја прават: Ромбоидни Кретеноиди.

Да му објаснам на Пи-АР тимот на СДСМ што е Дефиниција за Ромбоидни Кретеноиди. Тоа не се луѓе на кои им се допаѓа Ромб како геометриско тело, ниту пак се оние кои мислат дека Секој Кретен Јаде Алва Четен. Тоа се личности со трауми од детството и кои се однесуваат крајно деструктивно на општата политичка сцена.

Еве како иде нивниот Ромбоидно Кретеноидски Пи-Ар следен од новинарите послушници:

Мицкоски со непотизам станал професор. А, синовите на Миле Димитровски, Александар Мојсовски и најинтересниот на Драган Данев, г-динот Дарко Данев сопруг на Ана Павловска Данева и воедно Ректор на Машинскиот Факултет Скопје. Овие луѓе станале професори и научници зошто круша под круша паѓа.
Е ова го смислил некој ептен „абдал“ од оваа тајфа: Мицкоски не разбирал ништо од енергетика, он бил машинец?!!?!! Да му објаснам на абдалов во една реченица. Машинците се основата на енергетиката и без нив електро-инженерите може само да плетат џемпери.

Одвратно ми е понатаму да ги коментирам.

Почеток на Средината

За да го напаѓаш Мицкоски треба да си многу реален во животот за да имаат основа аргументите кои ги изнесуваш. Не може аргумент да биде мојот задник е најубав и затоа Мицкоски мора да си оди.

Ај да бидеме реални што начека Мицкоски во ВМРО-ДПМНЕ како претседател:

Стравични афери за украдени 5 милијарди евра, Кривични пријави за огромен број пратеници, Притвори на огромен број функционери, Закани по живот на поранешниот претседател и неколку министри, Бегство на поранешниот претседател за спас на својот живот, Бела палата на која и’ е замрзнат имотот и банкарските сметки, Проба за прогласување на ВМРО-ДПМНЕ за терористичка организација и нејзино комплетно уништување Е, Мицкоски машки издржа. Секој друг ќе потклекнеше.

Средина на Средината

Во делот на изборната капања ќе пренесам она што разговарав со едно големо новинарско име и нашите ставови.

Јас велев дека Мицкоски треба недвосмислено да ги каже следниве работи: Во секое наше дете и во секој од нас има да вметнеме код на враќање на уставното име Република Македонија, па макар и за 100 години, моја рака не потпишува ниеден документ со Северна туку ќе се прави со факсимил и тоа лице вработено во Владата, а да е член на СДС, сите прес-конференции ќе се одржат на бел ѕид и ќе се употребува само Македонија, и на крај секаде во странство има да се збори на Македонски и има да употребуваме преведувач.

Мојот другар новинар го кажа следново: Мицковски итно мора да се отргне од политиките на Груевски.

Груевски касно се изјасни дека нема никаква намера да се врати во политиката во Македонија. Само два дена пред изборите, ама сепак доблесно.

Крајот на средината

За разлика од Груевски се појавија наводно загрижените патриоти кои нагалено ги викаат „пицопевците“ на Мијалков, и на крај самиот Мијалков.

Мицкоски ги среди маестрално во два потега:

Го смени статутот на партијата и сега секој член знае дека е повеќе од значаен,
Ја доби подршката од целата партија да продолжи да биде Лидер и има мандат да состави Влада. Најкриво ми е за Мијалков, и тоа искрено. Од икона на ВМРО-ДПМНЕ сега е на нивото на Љубчо Георгиевски. Па, подобро е да се живее со филозофијата: „Или покојник или полковник“, а не СДС да ме стават во машина за да ме направат „Војвода во покушај“. „ЉуБчо беше Бичка“, што Мијалков лично со Груевски го победија.

Впрочем Мицкоски одговори се’ во вчерашното интервју во емисијата „Што не е јасно“ на ТВ Алфа.

За сите искрени патриоти морам да Ви објаснам зошто СДС се Ромбоидни Кретеноиди со еден краток цитат. И тоа не од било кој туку од крвникот на искрените патриоти. Замислете од Лазар Колишевски:

НОБ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД Е КОНЕЧНА ИСТОРИСКА ПРЕСМЕТКА СО ГОЛЕМОБУГАРСКИОТ ШОВИНИЗАМ

Дел од разговорите со уредниците на „Нова Македонија“ одржан на 9 Октомври 1958 година, објавен во „Нова Македонија“ број 4417 од 11 и 12 Октомври 1958 година.

Поради тоа што не почитуваат ништо свето овие од анти СДС екипа, јас лично несакам под ниеден услов да делам било каква политика со нив.

А, бидејки се загрижени за пратеникот на ГРОМ дека ќе им се придружи да им го пренесам следниов став.

ГРОМ ќе влезе во коалиција со СДС кога „Сонцето ќе изгрее на Запад, а ќе зајде на Исток“.

Автор: Виктор Грозданов, ГРОМ-овец

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This