РСБСП: Пeшaцитe чecтo cтpaдaaт вo cooбpaќajни нeзгoди

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од 25 до 30 отсто од вкупниот број на загинати лица во сообраќајни незгоди се пешаци, а статистиката покажува дека повозрасните пешаци и понатаму остануваат една од најранливите и најзагрозените групи учесници во сообраќајот. Пешаците се најмасовна и најранлива група учесници во сообраќајот, а истовремено и најмалку контролирана и најмалку санкционирана, информираат од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП).

– За жал и покрај тоа што спаѓаат во групата на ризични и ранливи групи на учесници во сообраќајот, пешаците се истовремено и најнедисциплинирани учесници во сообраќајот. Пешаците учествуваат во сообраќајот реализирајќи ги своите секојдневни активности и главниот проблем е тоа што кај пешаците недостасува чувство дека и тие се активни учесници во сообраќајот и дека и за нив важат сообраќајни правила и прописи кои мораат да ги почитуваат, велат од РСБСП.

Исто така, се додава во соопштението, може да се каже дека и возачите не ги почитуваат пешаците како рамноправни и ранливи учесници во сообраќајот, и за жал последицата од таквиот пристап е од 30 до 35 загинати пешаци во сообраќајни незгоди просечно годишно, при што повеќе од 50 отсто од загинатите пешаци се возрасни лица над 60 години.

– Лична одговорност, свест и совест, сообраќајна култура, толеранција и максимално почитување на сообраќајните правила и прописи од страна на секој учесник во сообраќајот, е единствениот начин да се намали бројот на загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди. Во спротивно, за жал, порано или подоцна, директно или индиректно ќе ги почувствуваме последиците од неодговорното учество во сообраќајот, порачуваат од РСБСП.

За безбедно преминување на улицата, посочуваат, потребно е максимално и целосно почитување на сообраќајните правила и прописи и од страна на пешаците и од страна на возачите.

– За жал, секојдневно можеме да видиме пешаци како поминуваат улица надвор од пешачки премин, на црвен пешачки семафор, како се движат помеѓу две коловозни ленти, помеѓу возила во движење, но и пешаци кои воопшто не ги следат случувањата во сообраќајот поради мобилниот телефон или слушањето музика. Непотребно и долго задржување на коловозот е редовна појава, особено од страна на повозрасните пешаци. Ваквото однесување на пешаците во сообраќајот резултира со голем број загинати и повредени лица, порачуваат од РСБСП.

Тоа, потенцираат од Советот, не значи дека и кај возачите нема одговорност и вина. Напротив, црната статистика е последица на непочитување на сообраќајните правила и прописи, како од пешаците така и од возачите.

РСБСП ги потсетува возачите да се движат со особено внимание секогаш кога се приближуваат кон пешачки премин, да ја намалат брзината и да ги прoпуштат пешаците на пешачкиот премин. Но, потенцираат, тоа никако не значи дека пешаците имаат апсолутно право на првенство на минување. – Напротив, пешакот е должен да ја помине улицата на пешачки премин откако ќе се увери дека тоа може да го направи без да го загрози безбедното одвивање на сообраќајот, односно откако ќе се увери дека возилата што се движат на коловозот се во можност безбедно и навреме да застанат. Непочитување на ова правило од страна на возачите и на пешаците е најголема причина за сообраќајни незгоди во кои страдаат пешаците,порачуваат од РСБСП.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This