April 25, 2024, 10:13 am

Русите му овозможија на Путин да остане на власт до 2036 година

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Мнозинството руски граѓани гласаа за измени на Уставот што ќе му овозможат на претседателот Владимир Путин да остане на власт до 2036 година.

Сепак, еднонеделниот референдум, кој заврши вчера, беше обележан со бројни извештаи за притисок врз гласачите и други неправилности.

Со затворањето на повеќето избирачки места во државата, 72 проценти гласале за уставните измени, според Централната изборна комисија.

За прв пат во Русија гласањето траело една недела со цел да се зголеми излезноста на граѓаните, но и да се намалат толпите на гласачките места како резултат на пандемијата на коронавирусот.

До затворањето на анкетите во Москва и повеќето други делови од Западна Русија, вкупниот одзив бил 65 проценти, според официјалните претставници на реферндумот. Во некои региони, гласале дури 90 проценти од гласачите.

На најисточната точка на Русија на полуостровот Чукотка, кој е девет часа пред Москва, официјалните лица брзо објавија целосни прелиминарни резултати кои покажуваат дека 80 проценти од гласачите ги поддржуваат амандманите, а во другите делови на Далечниот исток се изјасниле дека повеќе од 70 проценти ги поддржале измените на Уставот.

Рускиот претседател Владимир Путин гласаше во Москва на гласачкото место во Руската академија на науките.

Неговото лице беше откриено, за разлика од повеќето други гласачи на кои на влезот им беа понудени бесплатни маски.

Кремљ смета дека амандманите се неопходни за стабилноста и безбедноста на земјата, додека критичарите на Путин ги сметаат измените како потег за да се обезбеди да остане на власт долго време.

Путин вчера ги повика граѓаните да гласаат за амандманите и истакна дека секој глас е важен.

-Ние не гласаме само за амандманите. Ние гласаме за земјата во која сакаме да живееме, за земјата која сакаме да им ја оставиме на нашите деца и внуци, рече Путин.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This