April 19, 2024, 12:58 pm

РУСИТЕ ПОВТОРНО ЌЕ ЈА СПАСУВААТ ЕВРОПА: Руската армија во Италија транспортираше современ комплекс за аеросолна дезинфекција „Орлан“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Орлан“ во вооружувањето на руската армија е воведен во 2015.година, и претставува понова варијанта на „санитарниот топ“ ТМС-65У. Благодарение на неговата конструкција, средството може да се примени во најсложените услови на експлоатација. За ефикасноста на ова средство најдобро сведочи податокот дека е во состојба за една минута во потполност да деконтаминира 90 квадратни метри простор. „Орлан“ во 2016. година учествуваше во ликвидација на епидемијата од Антракс која се случи во Јамалскиот регион

„Орлан“ е наменет за ефикасна дезинфекција на различни типови возила, згради и останати затворени објекти, како и средства за индивидуална заштита. Целосниот комплекс е поставен на шасија на камионот КамАЗ-53501. Средството е во вооружувањето на армијата воведено во 2015. година. Се состои од кран-манипулатор и хидраулична дигалка.

Ова му овозможува ефикасна употребливост во најсложени услови на експлоатација. Неговиот капацитет за дезинфекција изнесува околу 90 квадратни метри простор во една минута. Благодарение на својот габарит „Орлан“ без проблем може да се транспортира со воено-транспортниот авион ИЛ-76. Посадата која управува со целиот систем се состои од три членови.

Неговата примена е забележана на почетокот на месец август 2016. година во прилика на сузбивање на Антракс на подрачјето на Јамалскиот регион.

Оваа машина е „помал брат“ на специјалниот советски комплекс за топлотен третман и дезинфекција на вооружување и воена техника ТМС-65У.

ТМС-65У на задниот дел на комплексот на камионската платформа има турбомлазен мотор ВК-1 кој инаку се наоѓаше на ловечките авиони МиГ-15 и МиГ-17, но и на бомбардери од типот ИЛ-28. Со помош на овој систем војската е во состојба да на брз и ефикасен начин изврши чистење на возилата од хемикалии, но и за правање на димни завеси со кои се покрива движењето на трупите на боиштето.

Неговата ефикасност е импресивна. Имено, еден ТМС-65У може за еден час да деконтаминира простор од речиси 5 квадратни километри.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This