Русија, Кина и Иран формираат сопствен финансиски блok поради caнкциитe од САД

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Русија, Кина и Иран ги зацврстуваат своите економски и политички врски, формирајќи нов азиски блок, пишува „Независима газета“

Она што ја зближува Москва, Техеран и Пекин е американскиот притисок кој се огледува во постојаното заострување на санкциите. Овие земји веќе во меѓусебната трговија не го користат американскиот долар, туку националните валиту и формираат посебни механизми за да ги избегнат американските санкции. Покрај тоа, Иран подготвува нов договор за дологорочна соработка со Кина и Руисја.

Во март идната година истекува сега важечкиот иранско-руски договор за соработка и министерот за надворешни работи на Иран Мухамед Џавад Зариф веќе соопшти дека Техеран се договорил со Москва за обновување на договорот.

„Сметаме дека е подобро договорот да се модернизира и да се направи долгорочна и сеопфатна согласност, која ќе биде потпишана и претставена пред парламентот“ – смета Зариф.

Во исто време Иран продолжува со преговори со Кина за партнерство во наредните 25 години.

Според иранско-кинескиот договор, Кина може да инвестира 400 милијарди долари во многу ирански сектори, вклучително нафта и гас, додека Иран ќе обезбеди стабилна достава на енергенси за Кина во наредните 25 години.

„Кога Иран, Русија и Кина водат преговори за долгорочни стратешки договори, се стекнува впечаток, дека на истокот се формира нов светски поредок“, изјави во интервју за „Техеран Тајмс“ бившиот претставник на Министерството за надворешни работи на Иран Рамин Мехманпараст. „Ќе бидеме сведоци на формирање на нов светски поредок“, вели бившиот ирански дипломат. Подвлекува дека единствен виновник за стварањето на сојузот е Америка, која со своите притисоци ги зближила Иран, Кина и Русија.

Моменталниот обем на руско-иранската трговија не е поголем од две милијарди долари, а државите се договорија да го зголемат до 25 милијарди долари. Русија во Иран извезува прехрамбени и земјоделски производи, производи од целулоза, хартија и дрва, машини, опрема, транспортни средства и друго. Русија увезува прехрамбени производи, земјоделски сировини, метал и производи од хемиската индустрија.

Во текот на минатата година Иран и Русија преносот на пари го организираа преку рускиот систем за трансакции и иранскиот „Сепам“, без користење на системот „Свифт“.

Исто така, Русија продолжува да ја гради нуклеарната електрана во Иран „Бушер – 2“, која би требало да биде готова на почетокот на 2026. година. Иран купува од Русија и ПВО систем С-300 и заедно со Русија го реализираат проектот за меѓународен транспортен коридор (МТК) „Север – југ“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This