Русија одговара со koнтpacaнкции на Велика Британија: Зaбpaна за влез во земјата за 25 граѓани

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Русија, како одговор на санкциите од Лондон поради „амандманот на Магнитски“, забрани влез на 25 претставници на Велика Британија на територијата на Русија, се наведува во соопштението на портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.„Како одговор на непријателските активности на британските власти и врз основа на принципот на реципроцитет, руската страна одлучи да воведе лични санкции против 25 британски претставници, на кои им е забранет влез на територијата на Русија“, се вели во соопштението

Во јули 2020 година, Велика Британија воведе санкции против 25 руски државјани, вклучувајќи го и претседателот на Истражниот комитет, Александар Бастрикин, а причината беше кршење на човековите права. 

Лондон воведе ограничувања во согласност со законот „За санкции и мерки во борба против перење пари“ и „амандманот Магнитски“. 

Потоа, портпаролот на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека новите санкции против руските граѓани претставуваат уште еден непријателски чекор на Лондон и додаде дека тоа е политички ангажирана одлука.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This