Русија почна со испораките на гас преку Турски тек

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Русија почна да испорачува природен гас за Бургарија, Грција и Македонија преку новиот гасовод Турски тек, објави во неделата бугарската енергетска компанија „Булгантрансгаз“.

Русија го започна градењето на гасоводот Турски тек, откако пред речиси три години по опструкциите од Европската унија се откажа од проектот Јужен тек со кој ќе испорачува свој гас во јужна Европа, а истовремено го удвојува и гасоводот Северен тек со кој гасот по дното на Балтикот директно ќе го испорачува во Германија.

„Испораките на рускиот гас, не само за нас, туку и за Грција и за Македонија, се спроведуваат преку новата влезна точка, на нашата граница со Турција“, изјави деректорот на „Булгартрансгаз“, Владимир Малинов, за бугарското национално радио БНР. Додаде дека Софија има договор со руски „Газпром“ активен договор до 2030 година, што ќе ѝ овозможи приходи од транзитот на енергенсот.

Рускиот енергетски гигант „Газпром“ започнал со испораки на 3 милијарди кубни метри гас за Бугарија преки Турски тек на 1-ви јануари, со што е заменета рутата која досега минуваше преку Украина и Романија. Напуштениот проект Јужен тек, пак, предвидуваше рускиот гас директно да биде испорачуван во Бугарија, со што оваа земја ќе станеше главниот хаб за дистрибуцијата на гасот натаму на Балканот и јужна Европа.

„Газпром“ преку оваа рута испорачал околу 3 милијарди кубни метри гас за Грција и околу 500.000 милиона во Македонија, според бугарските медиуми. Малинов, пак, порачува дека овие гасоводи, наречен Трансбалкански гасовод, сега не работат но и додаде дека се реверзибилни, па би можело да се користат за испораки на гасот во Романија, Молдавија и Украина, доколку од неа се појави побарувачка. Киев, пак, на 31-ви декември потпиша нов петгодишен договор со Русија со кој и натаму останува транзитна земја за централноевропските земји.

Турски тек има два паралелни цевководи, секој со капацитети од 15,75 милијариди кубни метри гас годишно. Првиот е наменет за снабдување на Турција, а другиот ќе продолжува кон Бугарија, Србија и Унгарија. Бугарија се надева дека ќе може да ѝ испорачува гас на Србија до мај и планира да ја заврши целата делница до крајот на оваа година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This