Русија се подготвува прва во светот да одобри вaкцинa за кoрoнaвиpyc

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Русија планира да биде првата земја во светот која ќе одобри вакцина за коронавирусот за помалку од две недели.

Руски официјални лица за Си-Ен-Ен изјавиле дека работат на тоа вакцината која ја развива московскиот институт, да биде одобрена до 10 август или порано.

Вакцината ќе биде одобрена за јавна употреба, а први ќе ја примат здравствените работници.

-Русија, меѓутоа, не објавува никакви научни податоци за своето тестирање на вакцината и Си-Ен-Ен не е во можност да ги потврди овие тврдења за сигурноста и ефикасноста, јавува телевизијата.

Критичарите наведуваат дека постои притисок да се развие вакцина со политичко влијание на Кремљ кој сака да ја претстави Русија како глобална научна сила. Исто така постои голема загриженост дека тестирањето на луѓе не е во целост спроведено.

Додека некои глобални вакцини се во третата фаза на испитување, руската треба да ја заврши втората фаза. Истражувачите планирааѕ оваа фаза да ја завршат до 3 август, а потоа да ја спроведат третата фаза паралелно со вакцинирањето на медицинските работници.

Руските научници велат дека вакцината е брзо развиена бидејќи е модифицирана верзија на онаа која веќе постои за други болести. Ваков приспат кон вакцината постои и во други земји.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This