РУСИЈА ЈА ПРИЗНА МАКЕДОНИЈА ПОД УСТАВНОТО ИМЕ: На денешен ден, 1992 година Руската Федерација ја призна Македонија под уставното име!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

“Кога Козирев пристигна во Белград во 1992 г., се најде под синхронизиран притисок од страна на грч­ката дипломатија во Москва и оној што дојде од Милошевиќ и неговиот режим. Излез од таа состојба Козирев побара во прекинувањето на турнејата и откажувањето на посетата на Ма­ке­донија…

Козирев пет-шест дена потоа ја посети Македонија.

При посетата го извести македонското раководство и јавноста дека Русија донела одлука да ја признае Македонија, но при посетата не ја предаде нотата со која Р. Македонија официјално се извес­тува за приз­на­ва­њето.

Со тоа Козирев во Македонија не постапи на начин како што постапуваше кога ги ­по­се­ту­ваше Словенија, Хрватаска и Босна и Хер­це­говина, туку на крајот на својата по­сета рече де­ка нотата за признавањето на Македонија ќе ја ис­пра­ти штом ќе се врати во Мос­ква. Тој се врати…,но нотата не дојде… минаа јуни и јули 1992 г., нота немаше.

Во почетокот на ав­г­уст 1992 г., при посетата на претседателот на Русија Борис Јелцин на Бугарија, состојбите се про­ме­ни­ја.

Со упорниот и аргументиран нас­­тап на бугарскиот претседател Жељу Же­лев, отпадна­ле ре­зер­вите… и рус­­киот претседател решил веднаш да ја приз­нае Македо­ни­ја. Одлуката ја до­нел уште кога се наоѓал во Бугарија и веднаш од Софија го испрати заменикот на Ко­зирев, Ви­­талиј Чуркин во Македонија, кој на 5 ав­густ му ја пре­­даде нотата за приз­­­на­­вањето на министерот за надворешни работи на РМ Денко Малески… Тој настан беше од ог­ром­но зна­чење за Република Македонија, меѓу другото и затоа што Русија ја приз­на Република Маке­донија под неј­зи­ното ус­тавно име…“

Инаку, Жељу Желев како пријател на Македонија, за времето на своето претседателствување на Бугарија, беше првиот државник и Бугарија е првата држава која ја призна независноста на Република Македонија под нејзиното уставно име, а нешто подоцна лобираше кај тогашниот руски претседател Борис Јелцин и Русија набргу ја призна независноста на Република Македонија под уставното име.

За разлика од Руската Федерација, која ја призна Република Македонија под уставното име како прва светска супер сила, Соединетите Амеркански држави тоа го направија цели 13 години подоцна, и тоа како „награда“ за потпишувањето на Охридскиот Рамковен договор и спроведувањето на територијалната реорганизација.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This