РУСИЈА ЌЕ ГРАДИ ГАСОВОД ПРЕКУ СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Газпром“ ги обнови преговорите со Сеул за изградба на гасовод преку Северна Кореја

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Руската компанија Газпром ги обнови преговорите со властите во Сеул за изградба на гасовод кој ќе го пренесува рускиот гас во Јужна Кореја преку територијата на Северна Кореја.

Заменик-директорот на “Газпром” Виталиј Маркелов објасни дека ова не е нов проект, бидејќи се разгледувал уште во 2011 година. “Рутата на гасоводот веќе беше воспоставена, а започнаа преговорите со Пјонгјанг”, рече тој.

Овие преговори беа прекинати откако односите меѓу Јужна и Северна Кореја драстично се влошија, но сегашната политичка ситуација сега овозможува овој проект да продолжи, рече Маркелов.

Во септември 2011 година, Газпром и Когас од Јужна Кореја се согласија да изградат гасовод што ќе го пренесува рускиот гас низ Северна Кореја во Јужна Кореја.

Вкупната должина на гасоводот ќе изнесува 1.100 километри, од кои 750 ќе ја преминат територијата на Северна Кореја, а вредноста на инвестицијата се проценува на околу 2,5 милијарди долари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This