РУСКИОТ АМБАСАДОР: Унија да, ама од Лисабон до Владивосток!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Егоистичките интереси на одделни кругови на Западот не се способни да ја поткопаат природната и историски предодредената потреба од глобални интеграциски процеси со учество на сите земји од „големата Европа“, вели амбасадорот на Руската федерација, Олег Шчербак во интервју за „Нова Македонија“.

Поаѓајќи од реалноста на современиот свет и од интересите на сите земји од европскиот континент, Русија се залага за проширување на размерот на интеграциските процеси на просторот од Лисабон до Владивосток.

Москва не гледа никаква закана од интеграциските процеси што се одвиваат во рамките на ЕУ и со разбирање се однесува кон желбата на балканските земји да учествуваат во нив.

Се надеваме дека во Македонија и во соседните земји од регионот здраво ги проценуваат не само придобивките туку и ризиците од членството во ЕУ, кои се очигледна слабост на економиите на тие земји во споредба со водечките земји-членки на ЕУ, неизбежноста на значителното ограничување на нивниот национален суверенитет, како и заканата да станат дел од системската криза што во изминатите години ја погоди Унијата.

Темел за тоа би можело да биде засилување на соработката меѓу ЕУ и Евроазиската унија, вели рускиот амбасадор во Македонија.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This