March 29, 2024, 11:38 am

Рakeтен нaпaд врз американската база во Ирак

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според првите извештаи, во ракетниот напад врз американската воена база во северен Ирак, едно лице загина, а петмина беа ранети, вклучувајќи и еден припадник на американските сили.

Американската коалиција во Ирак соопшти дека тоа е најтешкиот напад врз коалициските сили во понеделникот за скоро една година, поради ескалацијата на тензиите меѓу американските сили, нивните ирачки и курдски сојузници од една страна и ирачките милиции од друга страна, пренесува Ројтерс. Портпарол на коалицијата изјави дека имало напад врз коалициските сили во курдскиот град Ербил.

Курдски безбедносни извори соопштија дека најмалку три ракети погодиле област недалеку од меѓународниот аеродром во Ербил. Американските сили се наоѓаат во воена база веднаш до цивилниот аеродром. Групата на Сарај Авлаја ал-Дам ја презеде одговорноста за нападот. Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека Соединетите држави се револтирани од нападот, пренесува Танјуг.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This