Рekeт ја затвори Еуростандард банка?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ова е двојна игра од страна на Народна банка на Македонија“.

Ова за Фактор првично го изјави бизнисменот Трифун Костовски, сопственик на Еуростандард банка, за која попладнево на пресконференција гувернерката на НБМ Анита Бежоска Ангеловска соопшти дека и ја ykинува дозволата за работа и утре пред судот ќе предложи стечај за банката.

Бизнисменот Костовски за во петок најавува пресконференција на која до јавноста ќе се обратат акционерите на банката.

„Народна банка цела година не држеше под стpоги мерки и не ни дозволуваше да работиме и да заработиме.

Како можеме да ја подобриме состојбата на банката кога Народна банка цела година не држи под строги мерки. Ако не можеш да работиш, не можеш ниту да заработиш за да ја подобриш состојбата“, вели Костовски за Фактор.

Бизнисменот нагласува дека за изминатата година кога Еуростандард била под строги мерки, неа само дополнително и се влошило портфолиото.

„Практично, ние имавме забрана за работа од НБМ. Како во тој случај да се подобри состојбата. Исто така, НБМ не прифаќаше ниту еден од нашите предлози за надминување на состојбата и за евентуална продажба на банката“, вели Костовски за Фактор.

За оваа одлука на НБМ вели дека е еднострана одлука на НБМ.

„Ако веќе беа решени да не зaтворат, тоа требаше да го направат уште пред една година, а не за овој период уште дополнително да заглавиме со 15 милиони евра“, вели Костовски за Фактор.

Извор Фактор

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This