САД останува во Косово за остварување на заедничките цели со новата косовски Влада

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Косово, Филип Коснет, им честита на косовските граѓани за учеството на вчерашните вонредни парламентрни избори и порача дека со нетрпение очекува да работи со новата влада, јави дописникот на МИА од Приштина.

Коснет преку неговата официјална страница на Твитер порача дека неговата земја и по овие избори ќе продолжи со поддршката на Косово.

– Честитки за граѓаните на Косово, кои покажаа посветеност на демократијата и визија за иднината. САД остануваат со Косово – и со нетрпение очекуваме да работиме со новата влада, веднаш откако таа ќе се формира, за остварување на нашите заеднички цели за мир, правда и просперитет, напиша Коснет.

Апсолутен победник на вчерашните избори е досега опозициското Движење самоопределување (ВВ) на Албин Курти, со 47,88 отсто од гласовите, со тоа што се уште не се преброени гласовите на дијаспората, која традиционално на последните изборни процеси гласа за ВВ, така што може да се очекува негова уште поубедлива победа

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This